Вардар пријавен за настап во ракометната ЛШ

Вардар и во наредната сезона ќе го претставува македонскиот ракомет во Лигата на Шампионите, откако „црвено-црните“ денеска и официјално беа пријавени од Ракометната Федерација на Македонија за учество во елитното европско натпреварување.

Вардар ја продолжи доминацијата на домашната ракометна сцена, а согласно пропозициите федерацијата го пријавува шампионот за настап во елитното натпреварување.

„РФМ ја достави пријавата на РК Вардар 1961 до Европската Ракометна Федерација во предвидениот рок за учеството на Лига на Шампиони за сезона 2021/22. Им посакуваме многу спортски успеси во сезоната EHF/CL 2021/22“, објави Ракометната Федерација на Македонија.

Мак-ракометот ќе има три претставници во Лигата на Европа, каде ќе се најдат Еурофарм Пелистер, Тинекс Пролет и Металург.

Се вчитува...