Вардар продолжува победнички во првенството, лесно совладан Прилеп

Вардар и натаму „гази“ во домашниот шампионат. Вечерва „црвено-црните“ како домаќини, го совладаа составот на Прилеп со 17 поени разлика, или 41:24. Речиси во текот на целиот меч Вардарци ја имаа контролата и резултатот во своја корист, и на крајот славеа нов триумф во првенството.
Дарко Ѓукиќ со седум голови беше најефикасен, додека Георгиевски и Дибиров постигнаа по шест гола.
Вардар има максимален учинок од осум победи од осум натпревари.
ФОТО: РК Вардар

Се вчитува...