Вардар против Фенербахче во плејофот за Лигата на Европа

Македонскиот првак Вардар ќе игра против турскиот гигант Фенербахче во плејоф колото од Лигата на Европа. Тоа е тимот на Елиф Елмас, кој ова лето направи трансфер од Работнички во Фенербахче. Вака одлучи денешниот ждреб во Нион. „Црвено-црните“ дојдоа во барабаните од Лигата на Европа по елиминацијата од Копенхаген во третото квалификациско коло во ЛШ.

Фенербахче во третото коло од квалификациите за ЛЕ го елиминира австрискиот Штурм, откако славеше со 1-2 на гости, а дома одигра 1-1.

Во првиот меч Вардар треба да биде домаќин против Фенербахче, а реванпшот ќе се игра во Истанбул.

Се вчитува...