Вардар против „пандевци“ во дербито на колото, градска пресметка во Тетово

Првиот круг од прволигашките возбудувања оваа сезона се заокружува со 9. коло во кое фокусот без сомнение ќе биде кон стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари каде Вардар ќе биде домаќин на Академија Пандев.

„Вардарци“ имаат одличен старт на сезоната, иако малку и подуништен со елиминацијата во осминафиналето од Купот на Македонија. Но, дефинитивно желбата е да се продолжи со победите во шампионатот каде ќе бидат насочени сите мисли оваа сезона. А, пресметката со Академија Пандев е повеќе од добар момент за продолжување на победничкиот ритам.

Од друга страна, Шкендија, пак, по двата претходни дуели без постигнат гол сега дефинитивно посакува триумф во градската пресметка против Ренова.

Составот на Ќатип Османи посакува излез од реализаторската криза и освојување три бода со кои нема да се заостане во битката со „вардарци“ за шампионската титула.

ПМФЛ – 9. КОЛО (денеска, 15 ч.)

Скопје: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ

Струмица: БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС

Скопје: ВАРДАР – АК. ПАНДЕВ

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ПОБЕДА

Тетово: ШКЕНДИЈА – РЕНОВА

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...