Вардар против Волеј Камник во Челинџ купот, Омонија ривал на Џио Струмица

Македонските преставници во одбојкарскиот Челинџ куп ги добија противниците во првото коло. ОК Вардар за противник ќе го има словенечкиот тим Волеј Камник. Џио Струмица ќе игра со кипарската Омонија од Никозија. Според првичните анализи нашите тимови имаат реални шанси за позитивен резултат и пласман во следното коло од Челинџ купот. Првите натпревари се закажани за периодот од 8. до 10. октомври додека реваншите се закажани за од 13. до 15. истиот месец.

Македонија ќе има свој претставник и во женска конкуренција во Челинџ купот. ОК Вардар жени за противник во првото коло го доби финскиот претставник Хаменлина. Првите натпревари ќе се играат во истиот период како и во машка конкуренција од 8. до 10. октомври, додека реваншите се закажани за од 13. до 15. истиот месец.

Се вчитува...