Вардар против заморот и против Шкупи, во „лов“ на Шкендија

Актуелниот шампион Вардар по далечното гостување во Трондхајм и поразот од Розенборг во Лигата на Европа, повторно се враќа на домашните обврски. Денеска (15 часот) на арената „Филип Втори“ ќе го пречека тимот на Шкупи во рамките на деветтото коло од Првата лига.

Ќе мораат „вардарци“ да играат и против заморот и против Шкупи, со оглед дека пред само три дена играа исцрпувачки европски меч, но екипоте кои се натпреваруваат на меѓународна сцена треба да бидат подготвени и за многу посилен ритам. „Црвено-црните“ посакуваат победа, за да се доближат до лидерот Шкендија, кој одигра речиси перфектен прв круг од сезоната, со осум победи и само едно реми, па на своето конто веќе има 25 бода.

Вардар има и заостанати мечеви во првенството, но ќе мора значително да се потруди за да го задржи чекорот кон врвот. Пораката од шампионот е јасна, се размислува само за триумф и освојување на три бода.

Шкупи знаел да го изненади Вардар, и тимот на Ардијан Нухији сигурно ќе се обиде да ја продолжи позитивната серија и на арената „Филип Втори“. Тимот од Чаир не знае за пораз на последните пет меча.

ПРВА ЛИГА 9.КОЛО

Скопје: ВАРДАР – ШКУПИ

ВЧЕРА

ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА 1-3

РЕНОВА – ПОБЕДА 0-0

СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ 0-0

СИЛЕКС – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-0  

Се вчитува...