Вардар пушти билети во продажба: За ЛШ од 350 денари, а за СЕХА – 50 денари

Европскиот првак Вардар ги пушти во продажба билетите за следните две домашни средби, дуелот од Лигата на шампионите против Порто, а потоа и пресметката со Нексе во рамките од СЕХА-лигата.

По големиот триумф во Монпелје, „црвено-црните“ во првиот домашен меч како европски прваци ќе го пречекаат Порто (недела, 17 часот), дуел на кој македонскиот шампион важи за голем фаворит. Цената за билетите за овој дуел се 350 денари за трибина и 400 денари за Блок А, а купувањето е можно на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” секој работен ден од 10 до 18 часот, или преку tiketplus.mk.

Фановите на Вардар ќе минат многу поевтино доколку ги поддржат своите миленици за дуелот со Нексе, на 24 септември во 20.45 часот, натпревар за кој билетите чинат скромни 50 денари.

Се вчитува...