Вардар пушти дополнителни билети за дуелот со Веспрем

Поради големиот интерес за натпреварот од 10.коло во ракометната Лига на шампионите меѓу Вардар и Веспрем, македонскиот првак инфромира дека во продажба се пуштени дополнтелни билети кои се за стоење и чинат 150 денари.

Дуелот кој е реприза на ланското финале на Ф4 турнирот во Келн е закажан за в недела во 17.30 часот. Вардар во средбата влегува од шестата пзоиција на табелата на која се најде откако врза серија од три последовни порази, последниот на гостувањето кај Мешков Брест. Мечот против Весрпем е последен годинава во елитното натпреварување.

Се вчитува...