Вардар реди победи: Цветановски и Петковски за триумф против „пандевци“ (ВИДЕО)

Вардар, како што посакуваше, по претходната победа во Велес го запиша и вториот триумф во низа славејќи со 2-0 против Акасемија Пандев во 13. коло од Првата македонска фудбалска лига.

По мирното прво полувреме, во кое Академија Пандев имаше контрола на топката со поголем посед но без посериозни шанси, далеку повозбудливо беше второто полувреме, во кое Вардар подобар заслужено дојде до трите бода.

Најпрво, по грешката во гостинската одбрана, Вардар поведе со голот на Матеј Цветановски во 53. минута.

Веќе во 60. минута и оправдано досуден пенал за „пандевци“, но Стоилов не успеа да го реализира. Филип Илиќ одлично го прочита и одбрани спречувајќи израмнување на гостите.

Во продолжение неколку нови убави шанси на Академија Пандев за израмнување, но неуспешно. На спротивната страна Попзлатанов имаше 100% шанса но не ја искористи. Во 74. минута гостите останаа и со играч помалку по вториот жолт картон за Бојан Димоски.

Во 83. минута младиот Андреј Стојчевски имаше 100% можност, но не успеа својот деби настап во црвено-црниот дрес да го круниса со гол, за да во 84. минута преку Филип Петковски Вардар ја запечати победата од 2-0.

ПРВА ЛИГА – 13. КОЛО

Скопје: ВАРДАР – АК. ПАНДЕВ 2-0 (0-0)

УТРЕ (13 ч.)

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ

Битола: ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС

Струмица: БЕЛАСИЦА – РАБОТНИЧКИ

Тетово: РЕНОВА – БОРЕЦ

Струга: СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА

Се вчитува...