Вардар ремизираше со Академија Пандев, Шкендија ќе презими со +5

Актуелниот првак Шкендија го комплетира есенскиот дел од првенството во Првата фудбалска лига со пет бода предност во однос на Вардар. Тимот на Ќатип Османи славеше во тетовската пресметка против Ренова со 0-3 и го искористи ремито без голови на Вардар против Академија Пандев за да ја зголеми предноста.

Шкупи со полн плен се враќа од „Филип Втори“, откако го совлада Работнички со 0-2, а и Македонија ЃП успеа да освои три бода на гости на дуелот против Победа (0-2). Силекс минимално (1-0) го доби дуелот со Беласица во Кратово.

Валмир Нафиу донесе водство за Шкендија во 23.минута, а Бесмир Бојку во 67.минута го комплетираше триумфот на актуелниот шампион. Омар Имери во 89.минута го постави конечниот епилог на овој дуел.

Виктор Јуфо ја имаше најдобрата шанса за Вардар на дуелот против Академија Пандев, но не успеа да ја реализира, па мрежите мируваа до самиот крај на натпреварот во Турново.

Шкупи го совлада Работнички со 0-2. Амир Билали во 26.минута со волеј – удар ги доведе гостите во водство, а Артан Велиу во завршницата постигна втор гол за Шкупи за голема радост на тимот од Чаир.

Јане Николоски имаше неславно деби на клупата на Победа. Македонија ЃП го доби мечот во Кичево со 0-2. Христијан Кировски уште во втората минута ја проби одбраната на прилепчани, а Робсон да Силва во 28.минута ја удвои предноста, што беше и доволно за три нови бода. „Лавовите“ во финишот останаа без Дејан Тантуровски кој беше исклучен.

Силекс ја совлада Беласица со 1-0 на домашен терен и го избегна дното. Емануел Мбела во 29.минута беше стрелец на победничкиот погодок за кратовскиот прволигаш.

ПРВА ЛИГА, 18.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

РЕНОВА – ШКЕНДИЈА 0-3

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ВАРДАР 0-0

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ 0-2

СИЛЕКС БЕЛАСИЦА 1-0

ПОБЕДА – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-2

Табела: Шкендија 40, Вардар 35, Академија Пандев 30, Работнички 26, Шкупи 23, Македонија ЃП 21, Ренова 21, Силекс 18, Победа 17, Беласица 17.

Се вчитува...