Македонскиот вицепрвак Вардар ремизираше (3-3) на пријателскиот натпревар против Марибор на подготовките во Словенија. Словенечкиот тим поведе со убедливи 3-0 по само дваесетина минути, а Вардар успеа да се врати во игра и да израмни до крајот на мечот.
Млакар беше стрелец на првите два гола за Марибор во 9. и во 14.минута, а Крамарич веќе во 17.минута зголеми на 3-0.
Тигран Барсегјан го постигна првиот погодок за „црвено-црните“ во 38.минута, а на самиот старт на вториот дел уште еднаш се запиша меѓу стрелците со удар од белата точка. Израмнувањето дојде во 63.минута, кога Али Адем успеа да ја затресе мрежата на Марибор.
Тренерот на Вардар, Бобан Бабунски, на овој меч го избеде следниот состав: Гачевски, Тодоровски, Тошевски, Попов, Битанг, Реџепи, Мицевски, Колевски, Јуфо, Цветановски, Барсегјан. Уште играа: Алексовски, Талески, Најдовски, Попзлатанов, Илиќ, Серафимов, Марковиќ, Бериша, Брдаровски, Адем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА