Вардар руши негативни рекорди: Најтежок пораз во историјата, убедливо најлоша екипа во групите од ЛЕ

Вардар руши негативни рекорди на интернационалната сцена преку настапите во групната фаза од Лигата на Европа. Синоќешниот, повеќе од убедлив од Реал Сосиедад од 0-6, само го заокружува впечатокот за очајот на црвено-црниот настап во меѓународни рамки оваа есен.

Факт е дека со пласманот во групите од Лигата на Европа фудбалерите на најтрофејниот македонски клуб се изборија за историја која никој не може да им ја избрише, но начинот на кој ги играат натпреварите од групната фаза (не само заради поразите како порази) е повеќе од срамен за неговите навивачи и црвено-црните бои.

Пораз од 0-6 од Сосиедад за Вардар е најтешкиот во историјата во европски рамки. Претходно најголемите порази на тимот биле оние со 0-5 од Легија Варшава во рамките на Купот на УЕФА во 1999 година, од Шалке 04 во Интертото купот во 2004 година и од Данфермлајн во Купот на победниците на куповите во 1961 година, дополнети и со уште еден пораз на оваа генерација, оној од Зенит на „Филип Втори“ од 0-5 од пред еден месец.

Komiti aplauzi

А, Вардар е и убедливо најлошиот тим во првиот дел од групната фаза на натпреварите во Лигата на Европа. По првите три натпревари Вардар е единствен, заедно со Келн, без бодови но со убедливо најочајната гол-разлика од 1-14.

Токму сето тоа навестува можеби и соборување на уште еден неславен рекорд во историјата на европските натпреварувања, Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Вардар, како тргна преку овие три дуели, може да биде тимот со најголем број примени голови во групната фаза од ЛШ или ЛЕ. Засега рекордот го чува Слован Братислава која од сезоната 2014/2015 има гол разлика од 1-20. Зад неа е Шамрок со гол разлика од 1-19.

Се вчитува...