Прволигашките возбудувања овојпат ќе бидат во саботен термин, Вардар во Маџари го пречекува Шкупи, а лидерот Шкендија во Тетово ќе биде домаќин на Работнички. Овие два меча ќе бидат во фокусот, но ништо помалку интересно нема да биде ниту на останатите три дуели. Академија Пандев ќе го нагости Силекс, Беласица доаѓа на пресметка со Македонија ЃП, а Победа во Охрид ќе биде домаќин на Ренова.
Шкупи е во налет, а младиот Филип Ристовски очекува позитивен резултат за тимот од Чаир и на пресметката против Вардар.
„Го респектираме Вардар, но ние сме во добра форма и се надевам дека во таков стил ќе го одиграме и денешниот дуел. Верувам дека можеме да стигнеме до позитивен резултат. Очекувам фер и коректна игра, како и фер навивање“, изјави Филип Ристовски.
Вардарци се надеваат дека ќе го сопрат победничкиот чекор на Шкупи. Тимот од Чаир има едно реми и три последовни победи во пролетниот дел од шампионатот.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 23.КОЛО (14.30 ЧАСОТ)
ТЕТОВО: ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ
МАЏАРИ: ВАРДАР – ШКУПИ
СТРУМИЦА: АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СИЛЕКС
ОХРИД: ПОБЕДА – РЕНОВА
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: МАКЕДОНИЈА ЃП – БЕЛАСИЦА
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА