Вардар сака реванш против „лавовите“, Шкендија на гости во Струмица

Вардар со Македонија ЃП денеска од 13:30 часот во 12. коло од Првата македонска фудбалска лига по реванш против тимот од кој доживеа елиминација во Купот на Македонија.

„Црвено-црните“ имаат само еден бод од последните два првенствени дуели, па без сомнение огромна е желбата повторно да се вратат на победите. Иако сосема е јасно дека Македонија ЃП игра одличен фудбал сезонава пред своите навивачи каде и не знае да загуби.

А, нов кикс на „вардарци“, пак, ќе чека Шкендија која откако влезе во посакуваниот ритам сега гостува на Беласица во Струмица.

Составот на Ќатип Османи, по убедливата победа од 5-1 против Македонија ЃП изминатиов викенд, сега апсолутно е решен да атакува на три бода и на стадионот „Младост“ во Струмица.

ДВОЈКИ – 12.КОЛО (денеска, 13:30 ч.)

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР

Струмица: БЕЛАСИЦА – ШКЕНДИЈА

Скопје: ШКУПИ – АК. ПАНДЕВ

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА

Тетово: РЕНОВА – СИЛЕКС

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...