Вардар се измори за една четвртина, МЗТ до убедлив триумф

Кошаркарскиот вицепрвак МЗТ Скопје Аеродром ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат со убедливиот триумф од 102-67 во дуелот со Вардар од 14.коло.

Само во воведните десет минути од средбата, Вардар беше конкурентен во пресметката со големиот фаворит и имаше само два поени негатива. Потоа веќе вториот период МЗТ се одлепи на опиплива дистанца, го доби сегментот со плус 13 и на полувремето имаше сигурни 11 поени позитива.

Во второто полувреме разликата во квалитетот беше уште повоочлива, МЗТ ја билдаше разликата, му дозволи само по 12 поени на Вардар во двата периода од полувремето.

Предраг Самарџиски и Љубомир Младеновски со по 23 поени ја предводеа листата стрелци кај МЗТ, Ранко Мамузиќ постигна 23, Андрија Бојиќ 12. Кај Вардар Дино Радош беше прв стрелец со 13 поени.

За МЗТ ова е 11 сезонска победа, наспроти двата пораза, биланс со кој се одржува на врвот на табелата заедно со Работнички и со Блокотехна. За Вардар пак ова беше 10. пораз и останува на само две победи и на претпоследното место на табелата.

Се вчитува...