Вардар се мачеше со Бутел но остана максимален во Суперлигата, Охрид драматично го освои Прилеп

Ракометарите на Вардар се мачеа во 9. коло од Суперлигата на Македонија, но успеаја да слават на гостувањето против Бутел за задржување на максималниот ефект по девет натпревари во шампионатот.

Во Групата А од Суперлигата, Вардар останува единствена екипа со максимални девет победи, откако победи против Бутел со  23-26 (13-16). Неизвесен меч во кој на крај црвено-црните, сепак, сосема заслужено дојдоа до трите бода.

Во Групата А, драматичен меч одиграа Прилеп и Охрид кој на крај им припадна на охриѓани со 25-26. Охрид дојде до значајна гостинска победа, по која со шест победи и три порази се зацврсти на третата позиција на табелата зад Вардар и Алкалоид кој на второто место има осум победи и еден пораз.

Претходно, Тиквеш со доминантно второ полувреме триумфираше на гостински терен против Радовиш со 22-28. Во оваа Група Б, Тиквеш дојде до шестата победа, а има и едно реми и два порази за пробив на втората позиција на табелата. На врвот е Еурофарм Пелистер со осум победи и едно реми.

Се вчитува...