Вардар се “раситнува”: Бесир Демири го раскина договорот со клубот!

Поранешниот младински репрезентативец, член на “златната генерација” Бесир Демири не е повеќе фудбалер на Вардар.

23-годишниот Демири денеска и официјално го раскина договорот со клубот кој му важеше до 2020 година, па сега како слободен фудбалер заминува од црвено-црните редови.

“Го раскинав договорот со Вардар, па сега сум слободен фудбалер. Наредниов период ќе биде познато името на мојот нов клуб. Засега немам ништо поконкретно” – вели Демири.

За неговите услуги се заинтересирани повеќе домашни клубови, но и тимови од Швајцарија, Полска и Украина.

Вардар денеска во Анталија замина и без репрезентативците Бобан Николов, Висар Муслиу и Петар Петковски кои исто така заминуваат од редовите на шампионот. Николов и Муслиу се пред трансфер во Унгарија, во Видеотон односно Академија Пушкаш.

Се вчитува...