Вардар се раздели и со Полјакот Јан Чувара

И покрај тоа што претходно ја договори продолжувањето на соработката, Вардар 1961 се одлучи да го ослободи и Полјакот Јан Чувара кој мина две одлични години во црвено-црниот дрес.

Чувара во разговор со полската „ТВ Спорт“ вели дека имал усмен договор за продолжување на соработката со Вардар, но поради незгодната повреда на коленото сега е принуден да замине од Скопје. Чувара поради повредата ќе мора да паузира до крајот на 2023 година, тоа значи и ослободување од Вардар.

„Се оди според планот со повредата, минатата седмица имав дополнителен тест и се е во ред. Планирам да се вратам на теренот пред крајот на годината. Мојот договор со Вардар заврши во јуни, но клубот претходно ми понуди нов договор за новата сезона. Усно се договоривме, остана само да ги потпишеме документите, но потоа се случи несреќната повреда“ – вели Чувара, и дополнува:

„Во моментов барам нов клуб, знам дека нема да ми биде лесно. Прво и основно зошто сум во фаза на рехабилитација, а второ поради тоа што повеќето клубови веќе имаат затворен круг на играчи за наредната сезона. Но, се надевам дека ќе најдам добра нова средина за мене“.

Се вчитува...