Вардар се засили со Бразилецот Итало и Куајор од Гана

Бразилскиот интернационалец Итало Хозе Оливеира дос Сантош и фудбалерот од средниот ред Мустафа Куајнор од Гана се најновите засилување на шампионот Вардар.

Итало потпиша едногодишен договор и треба да биде замена за Џонатан Балотели во нападот кој, пак, замина во Катар. Станува збор за 29-годишен играч кој доаѓа од бразилскиот клуб Регатас,  а претходно има настапувано за португалскиот клуб Маритимо како и за бразилските екипи Аудаш и Интернасионал.

13826-brazilecot-italo-nov-fudbaler-na-vardar

„Многу сум среќен што дојдов во Вардар. Ова за мене е нов предизвик во кариерата и се надевам дека брзо ќе се адаптирам во екипата. Со нетрпение чекам да заиграм со новите соиграчи” – изјави Итало.

Интернационалецот од Гана, 22-годишниот Мустафа Куајнoр, пак, потпиша двегодишен договор со „црвено-црните“, со можност истиот да биде продолжен на уште една. Претходно играл во клубови на Кипар и во Австралија. Последни негови клубови се австралиските полупрофесионални нисколигаши Сент Албенс и Паское Вале.

Kuajnor

„Среќен сум и задоволен што потпишав за Вардар. Драго ми е што станав дел од оваа екипа и со нетрпение чекам да заиграм за екипата. Ова за мене е голем предизвик што ќе настапувам во дресот на оваа екипа која е најдобра и најтрофејна во Македонија. Дoјдов во тим кој што секоја сезона се бори за титулата и се надевам дека заедно ќе успееме да ги исполниме амбициите на клубот“ – истакна Куајнор на промоцијата во новиот клуб.

Се вчитува...