Вардар славеше над Струга за освојување на 12. титула во ПМФЛ! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Вардар стигнаа до 12. титула во домашниот шампионат откако денеска славеа на гостувањето кај Струга Трим Лум со минимални 0-1 во натпревар од 32. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Гостите на овој меч стигнаа до брзо водство од 0-1 со голот на Цветковиќ во 5. минута. Во продолжението Стружани дадоа се од себе да стигнат барем до реми. Имаа неколку убави шанси преку Христијан Малески, но во сите ситуации подобар беше голманот на „црвено-црните“ Талески, па Вардар успеа да се одбрани и да стигне до 12. титула во витрините од ПМФЛ.

На останатите два меча од оваа рунда Шкендија славеше на домашен терен против АП Брера со 2-1, додека Арсими го изненади Силекс во Кратово со минимални 0-1.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...