Вардар со „деца“ замина за Аланија… (ФОТО)

„Вардарци“ утрово заминаа за Аланија, Турција каде наредниот период ќе се реализираат финалните подготовки за пролетниот дел од сезоната.

Крајно неизвесната ситуација во која е западнат најтрофејниот македонски клуб доведе до тоа со изменет играчки кадар Вардар да замине на подготовките, со 12 младинци во тимот и само едно ново име Бразилецот Жуниор кој дојде од Македонија ЃП.

Вардаровата експедиција останува во Аланија до 4. февруари, за кога е предвидено враќањето во Скопје. Таму ќе бидат одиграни седум контролни натпревари, од кои четири се веќе закажани. На 19. јануари, првиот „тест“ за Вардар ќе биде тимот на Иртиш Павлодар, а три дена подоцна ќе се одмерат силите со Сумгавит од Азербејџан. На 28. јануари ќе се игра против Александрија од Украина, а на 2. февруари следува дуел со Черно Море. Ќе бидат одиграни натпревари и на 26., 28. јануари и на 3. февруари, а противниците дополнително ќе бидат договорени.

Се вчитува...