Вардар со навивачи против Монпелје

Актуелниот европскит ракометен шампион Вардар натпреварот против Монпелје во Лигата на шампионите ќе го игра со публика на трибините. Голем дел од спортските федерации во Македониј одлучија поради препораките на Владата сите спортски натпревари кои ќе се одржат викендов да бидат без публика. Од РК Вардар велат дека поради краткиот период за било каква промена останува влезот на сите кои сакаат да го поддржат европскиот шампион да биде дозволен.

„Ги известуваме сите што купиле билети за натпреварот од ВЕЛУКС ЕХФ лигата на шампионите меѓу екипите на Вардар и на Монпелје, закажан за сабота (29 февруари 2020 година) во СЦ „Јане Сандански”, дека мечот ЌЕ СЕ ИГРА СО ПРИСУСТВО НА ПУБЛИКА. Одлуката е донесена пред се поради краткиот период за било каква промена, а со оглед на тоа што станува збор за меѓународна средба која е одамна закажана, а и екипата на Монпелје е веќе пристигната во Скопје. Препорака е да не се водат мали деца на натпреварот. Натпреварот е закажан за 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански”, а пренос ќе има и на МТВ 1. Безбедноста на натпреварот ќе биде во координација со други наделжни ннституции“, стои во соопштението од РК Вардар. 

Натпреварот е закажан за утре во 17:30 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.

Се вчитува...