Вардар со нов субјект ќе се штити од долговите на Самсоненко

Михајло Михајловски од 1 јуни и официјално ќе го преземе раководењето со РК Вардар, а успешниот бизнисмен смисли и план како да се заштити од долговите што неговиот претходник Сергеј Самсоненко ги остави „во аманет“ при заминувањето од претседателската функција. Дел од ракометарите обелоденија дека Русинот потпишал нотарски договори со нив гарантирајќи на тој начин исплата на долговите, но доколку тоа не се случи – за долгот да не биде префрлен врз Михајловски тој го префрла клубот на нов правен субјект, со име Вардар 1961.

„Се знае дека сме во фаза на преземање на клубот од Самсоненко. Кога тоа ќе се заврши, треба да пристапиме кон регистрирање на новиот субјект, кој ќе се вика Вардар 1961“, изјави Михајловски за ТВ Телма.

Во меѓувреме, новото раководство интензивно преговара и за ангажман на нови ракометари, со кои Вардар повторно би имал конкурентен тим во настапот на новоформираната Лига на Шампиони.

Се вчитува...