Вардар со „подарок“ за навивачите: Сликајте се со пехарот од ЛШ

Навивачите на Вардар ќе имаат можност да се фотографираат со пехарот од Лигата на шампионите што „црвено-црните“ го освоија на фајналфор турнирот во Келн.

Од управата на Вардар информираат дека откако голем број навивачи изразија желба да добијат можност да се фотографираат со пехарот, новиот европски првак го прифати ваквото барање на своите верни фанови.  Токму за тоа европскиот ракометен првак Вардар организира „Отворен ден” и на сите наши фанови ќе им овозможи во периодот од 19 до 26 јуни да можат да се фотографираат со пехарот освоен во Келн, во периодот од 15 до 20 часот.

Пехарот ќе биде во изложен во внатрешниот дел на СЦ „Јане Сандански” веднаш штом се влезе низ главниот влез на големата сала.

Се вчитува...