Вардар со полесен тренинг против Радовиш, Охрид убедливо ја доби „езерската“ пресметка

Македонскиот шампион Вардар имаше само полесен тренинг победувајќи со 37-20 против Радовиш за 12. победа во Суперлигата на Македонија.

За „вардарци“ ова беше само загревање за дуелот против ППД Загреб во Лигата на шампионите оваа недела.

Најефикасен во победата на Вардар беше Анте Гаџа со седум гола, а Тимур Дибиров постигна шест. Кај Радовиш најефикасни беа Постолови Постолов со по пет погодоци.

Бутел ја продолжи серијата победи одмаздувајќи му се на Еурофарм Пелистер 2 за поразот во Битола. Сега Бутел триумфираше со 29-21 (12-11) за петтиот триумф во низа.

Најпрецизни во таборот на победничкиот тим беа Марко Мајиќ со осум и Младеновски со шест погодоци, додека кај Еурофарм Пелистер 2 седум гола постигна Павле Петровиќ, а Емилијан Ѓорговски заврши со четири постигнати погодоци.

Охрид убедливо ја доби „езерската“ пресметка триумфирајќи со 29-18 (14-7) против Струга.

Се вчитува...