Вардар со повик до навивачите: Почитувајте ги правилата и навивајте за клубот!

Од канцеларијата на ФК Вардар преку соопштение уште еднаш упатија повик до своите навивачи за фер и коректно навивање на престојниот натпревар против Фенербахче од плеј-оф квалификациската рунда за пласман во групната фаза од Лигата на Европа.

„Вардар во четврток го очекува натпревар од плеј-офот во Лигата на Европа против Фенербахче. Натпревар ќе се игра на „Телеком Арената“ во Скопје со почеток во 20 часот. Веќе информиравме дека билетите за натпреварот се со намалена цена, и ќе изнесуваат по 300 денари за сите трибини. При купување на билет, задолжително да се покаже документ за лична идентификација. 

Уште еднаш апелираме и потсетуваме за коректно навивање од трибините. Да се почитуваат правилата и да не се скандира национализам и расизам, и да не се истакнуваат знамиња со забранети симболи. Само така можеме да го заштитиме нашиот клуб од високите казни на УЕФА. Само заеднички можеме да придонесеме за успех на нашиот тим и со собрани сили да дојдеме до она за кое долго сонуваме“ – се вели во повикот на Вардар до навивачите.

Се вчитува...