Вардар со пресврт подобар од ФМП Академија

Кошаркарите на Вардар дојдоа и до третата победа во 6. коло од Првата македонска кошаркарска лига, со пресврт триумфирајќи против ФМП Академија со 102-91.

Гостите добро го почнаа натпреварот навестувајќи можност да се борат и за првата своја победа сезонава. Ја добија првата четвртина со 23-27, на полувремето заминаа со предност од три поени, но тоа беше се од нив.

Во второто полувреме, пред се во последната четвртина, „вардарци“ далеку посигурни во нападот а цврсти во одбраната за конечна победа од 102-91.

Најдобар кај Вардар беше Митков со „дабл-дабл“ ефект од 26 поени и 11 скока, а сето тоа дополнето и со четири асистенци, Бајрам заврши со 22 поени, а по 18 поени запишаа Наков, кој имаше и девет скока, и Атанасов, кој крај своето име дополни и седум асистенции.

Кај Академија ФМП најдобар беше Брукс со 25 поени и 10 скока.

Вардар со три победи и исто толку порази се изедначи сега на групата на делба на четвртата позиција на табелата.

Се вчитува...