Двократниот европски шампион РК Вардар останува максимален во домашниот шампионат откако вечерва во последниот меч од 6. коло во Суперлигата без проблеми славеше на гостувањето кај Радовиш со 27-33.
„Црвено-црните“ уште од самиот старт поведоа и веќе на полувреме имаа предност од 14-18. Во вториот дел избраниците на Иван Чупиќ само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 27-33.
Во следното коло Вардар игра дома со Прилеп, додека Радовиш ќе игра на гости ка Охрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

