Вардар со седум теста на подготовките во Словенија: Марибор, Целје, Домжале….

За време на своите подготовки во Словенија, Вардар ќе одигра седум пријателски натпревари. Противниците се веќе познати, а контролните мечеви почнуваат на 17. јуни, па ќе траат се до 30. јуни.

Првиот противник на Вардар е тимот на Шампион од Целје на 17. јуни. Три дена подоцна Вардар ќе ги одмери силите со прволигашот од истата земја Домжале, а меѓу противниците е и Марибот но и Оренбург од Русија… „Генералната проба“ пред настапите во квалификациите за Лигата на Европа ќе биде против Целје на 30. јуни.

Експедицијата на Вардар на 1. јули се враќа во Скопје.

РАСПОРЕД НА ПРИЈАТЕЛСКИТЕ НАТПРЕВАРИ НА ВАРДАР НА ЛЕТНИТЕ ПОДГОТОВКИ:

17.06. – Шампион Целје (Словенија)

20.06. – Домжале (Словенија)

21.06. – Марибор (Словенија)

25.06. – Оренбург (Русија)

26.06. – Балзан (Малта)

29.06. – Херманштад (Романија)

30.06. – Целје (Словенија)

Се вчитува...