Вардар со шанса да го прекине проклетството (ЕХФ видео)

Се е подготвено за завршниот турнир од Лигата на шампионите што претстојниот викенд ќе се одржи во „Ланксес арена“ во Келн, на кој Вардар ќе ја има улогата на бранител на трофејот. „Црвено-црните“ имаат шанса конечно да го прекинат проклетството што ги следи ракометните европски шампиони, со оглед на фактот дека ниту една екипа не успеала наредната година да ја одбрани освоената круна.

Во видео-најавата објавена од страна на ЕХФ се посочува дека многу работи во таборот на Вардар ќе зависат од Лука Циндриќ, а како клучен се најавува дуелот меѓу голманите Штербик -Жерар, кои бранат во топ-форма во текот на целата сезона.

Се вчитува...