Вардар, со Славија Прага, Фенербахче, Баерн, Порто…, на врвот на листата на непобедливи клубови во Европа! (ФОТО)

Најтрофејниот македонски клуб е пред промоција во нов есенски шампион на Македонија во сезоната 2025/26. Со серија од непобедливост од цели 15 натпревари, 12 победи и три ремија, Вардар е и меѓу убедливо најдобрите клубови оваа сезона во пооделните национални шампионати на Европа.

На едно коло до крајот на есенскиот дел од сезоната, „црвено-црните“ се во друштво Славија Прага и Фенербахче меѓу Топ 3 клубовите кои се непобедливи сезонава во домашните првенства.

Всушност, „вардарци“ се на второто место со 12 победи и три ремија (15 натпревари без пораз), веднаш зад чешката Славија Прага која е на врвот на оваа листа со 17 едноподруго натпревари без пораз (11 победи и шест ремија). Трет на оваа листа е Фенербахче во турскиот шампионат со 14 натпревари без пораз (девет победи и пет ремија).

Во Топ 10 клубови на оваа листа се и Диферданж од Луксембург, но и германски Баерн Минхен со 11 победи и едно реми исто како и португалскиот Порто. На седмата позиција е уште еден португалски клуб, Бенфика.

 

Се вчитува...