Вардар со убедлив триумф над Бутел стави печат на 2021 година (фотогалерија)

Вардар со триумф ја заврши оваа 2021 година, откако во последниот натпревар пред репрезентативната пауза „црвено-црните“ лесно и убедливо го совладаа тимот на Бутел (36-21). „Вардарци“ по големиот бод на гостувањето во Битола против Еурофарм Пелистер, со овој триумф остануваат во пол-позиција за првото место до крајот на Супер-лигата,  што ќе им донесе предност од еден бод на стартот од плејофот.

Дуелот почна со нешто подобра игра на Бутел, гостите водеа со два гола предност (2-4, 3-5 и 4-6), но „црвено-црните“ набрзо влегоа во посакуваниот ритам и почнаа да диктираат темпо со кое направија пресврт и поведоа со убедливи 12-8. Вардар пред крајот на полувремето имаше и 18-12, но „бутелци“до три гола во последните минути се погрижија на одмор да се замине со само три гола разлика (18-15).

Гостите на самиот почеток од вториот дел намалија на 18-16, но тоа брееше се што можеа да сторат на овој меч, Вардар повторно почна да доминира и на крајот стигна до заслужена убедлива победа.

Моралес, Дибиров и Ѓукиќ со по пет гола ги предводеа стрелците на Вардар при овој триумф, додека најефикасни кај Бутел беа Тот со осум и Јевтиќ со пет погодоци.

Се вчитува...