Вардар на најдобар можен начин со убедлива победа од 3-0 против Шкендија во дербито на последното коло од годинашниов шампионат во Првата македонска фудбалска лига, ја запечати својата 12-та титула во историјата!
„Вардарци“ беспрекорно се дополнија и на терен на славјето на „Комитите“ на трибините кои приредија вистонско пиротехничко шоу.
А, Вардар на дуелот поведе со смешен автогол на Шкендија во 21. минута од средбата. Недоразбирање меѓу дефанзивецот Ајетовиќ и голманот на Шкендија што резултираше со водство на Вардар.
Во 36. минута одлична акција на домашните која на мајсторски начин со ефектен гол ја круниса Закариќ за водство од 2-0 на полувремето.
Вардаровиот голман, во второто полувреме, Давор Талевски успеа да им одбрани два удари од белата точка на Шкендија.
Во 70. минута од средбата, по интервенција на ВАР системот, судијата Ќерими оправдано досуди пенал за Шкендија при водство од 2-0 на Вардар.
И Талевски, успеа да го одбрани првиот удар од белата точка на Љатифи во 70. минута. Но, главниот судија се одлучи да го повтори пеналот, откако процени дека Талевски недозволено излегол со двете нозе надвор од гол-линијата.
Но, нема проблем за новопечениот репрезентативен голман… Талевски го одбрани и повторениот втор обид на Љатифи.
Па, на крајот репрезентативецот Бобан Николов убаво стрелаше за конечни 3-0…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА







































