Вардар, со уште еден „минималец“, до три бода против Шкупи (ФОТО + видео)

Вардар успеа да стигне до минимална победа од 1-0 против Шкупи во последниот натпревар од 9. коло во ПМФЛ, славејќи на „Филип Втори“ пред скромни 300 гледачи…

Избраниците на Чедомир Јаневски беа подобар противник на теренот, создадоа повеќе шанси за гол но успеаја да реализираат само една, во второто полувреме преку Барсегјан.

Во првото полувреме не успеаја да ја затресат противничката мрежа во неколку одлични наврати Барсегјан, Блажевски и Фелипе, иако и Шпенд Асани имаше одлична шанса да казни на спротивната страна… За да конечно предноста дојде преку ерменскиот репрезентативец Барсегјан во 58. минута…

По водството на Вардар, гостите похрабро тргнаа кон голот на Гачевски, но Шабани и Јашароски не успеаја да реализираат две убави шанси.

До крајот на мечот, и Вардар имаше уште две шанси за зголемување на предноста но останаа нереализирани, за конечни 1-0.

Vardar - Skupi 7

РЕЗУЛТАТИ – 9. КОЛО

Скопје: ВАРДАР – ШКУПИ 1-0Барсегјан 58′

Битола: ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА 1-3

Хасани 3′, 39′, Жуниор 72′ – Цветаноски 74′

Скопје: СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ 0-0

Кратово: СИЛЕКС – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-0

Бујчевски 10′

Тетово: РЕНОВА – ПОБЕДА 0-0

ТАБЕЛА: Шкендија 25 бода, Вардар(-2) 16, Академија Пандев(-1) 14Силекс 13Шкупи 12, Пелистер 9, Победа 9, Работнички(-1) 7, Ренова 7, Скопје 4 бода.

Се вчитува...