Вардар со успешна ’генералка’ против Силекс, пред почетокот на шампионатот

Македонскиот вицепрвак Вардар имаше успешна проверка на формата во пресрет на стартот на новата сезона во Првата лига. „Црвено-црните“ денеска славеа со 0-1 против Силекс во Кратово, што значи дека се релативно добро подготвени за првенствените искушенија кои претстојат. Стрелец на единствениот гол за вардарци на овој дуел беше бразилскиот интернационалец Вилијан Лира.

Вардар следната сабота ќе го отвори новиот шампионат на Македонија со дуелот на гости во Тетово против актуелниот првак Шкендија. Овој меч ќе се одигра в сабота, со оглед дека Шкендија три дена подоцна, на 14.август, ќе го игра реванш натпреварот против Салцбург на арената „Филип Втори“, во рамките на третото коло од квалификациите во Лигата на шампионите.

Се вчитува...