Вардар со засилени безбедносни мерки за дуелот со Кил

За четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Вардар и Кил што ќе се одигра в недела (17 ч.) во СЦ „Јане Сандански“, ќе има посебни и засилени безбедносни мерки, информираат од РК Вардар.

Од клубот ги замолуваат навивачите да пристигнат навреме во салата и да ги заземат своите места, вратите на салата ќе бидат отворени од 15.30 до 16.45 часот.

„Се молат сите наши навивачи кои имаат билети за натпреварот да пристигнат навреме во салата и да ги заземат своите места. Со еден билет ќе може да влезе само едно лице. Нема да биде дозволено внесување на деца без билет. Се препорачува на натпреварот да не се носат деца помали од седум години.

Пред платото на СЦ „Јане Сандански“ ќе биде поставен видео-бим на кој сите заинтересирани ќе може да го гледаат натпреварот. Почнувајќи од 15 часот ви недела, фановите пред платото ќе ги забавува ди-џеј, а предвидени се и разни други забавни содржини.

Поради безбедносни причини, паркингот пред СЦ „Јане Сандански“ на денот на натпреварот ќе биде затворен.

Публиката се замолува со себе да не носи чанти, ранци, пластични шишиња, лименки и сл. Од навивачки реквизити ќе во салата ќе биде дозволено внесување само на клупски знамиња на Вардар и државното знаме на Република Македонија.

Вратите во салата во СЦ „Јане Сандански“ ќе бидат отворени во периодот од 15.30 до 16.45 часот“ – стои во соопштението на Вардар објавено на клупскиот сајт.

Натпреварот меѓу Вардар и Кил в недела (29 април) е со почеток во 17 часот.

Се вчитува...