Вардар собира подароци низ Македонија – и Пролет со честитка за фајналфор

Вардар испишува нови страници во својата и во ракометната историја на Македонија, па по најновиот обезбеден фајналфор во Лигата на шампионите „црвено-црните“ добиваат и пригодни подароци од своите ривали во домашното првенство.

Пелистер им додели икона на „вардарци“, а трендот пред денешниот дуел со „црвено-црните“ го продолжи и Пролет. Капитенот Ласко Андоновски му подари на Стојанче Стоилов букет со цвеќе, заедно со искрени желби за што подобар пласман во Келн на 26 и 27 мај.

Се вчитува...