Вардар спогодбено ги раскина договорите со Ќосевски и Талевски

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар, спогодбено ги раскина договорите со чуварот на мрежата Ведран Ќосевски и со офанзивецотт Михаил Талевски.

И двајцата фудбалери си заминуваат од таборот на „црвено-црните“ како слободни агенти, потврдија од клубот.

Ќосевски во редовите на Вардар пристигна од Струга, а во својата кариера настапуваше и за ирански Естегал, како и за босанските Вележ од Мостар и Железничар.

Од клубот заминува и Талевски, кој минатото лето дојде од Пелистер. Претходно беше дел од Работнички и вториот тим на Осијек. Талевски минатата сезона беше херој на Вардар кога во финалето од купот ги постигна двата гола во победата од 2-0 над Струга ТЛ.

Се вчитува...