Македонскиот вицепрвак Вардар ги почна летните подготовки. Многу подоцна од претходно планираното, со оглед дека не доби лиценца за настап во Лигата на Европа, привилегија што тимот ја избори со пласманот на втората позиција минатата сезона. Но, клубот не доби лиценца за европски настап поради познатите финансиски проблеми.
Тимот стартуваше веднаш со работа под раководство на шефот на стручниот штаб Александар Васоски, а меѓу играчите нема голем дел од странците. Фелипе и Лира се слободни, Битанг преговара за останување, а Жуниор Реис треба да се приклучи наредните денови. Од македонските фудбалери, тука се Гачевски, Брдаровски, Аврамовски, Попзлатанов… Како што е познато, Вардар има забрана за трансфери во претстојните два преодни рока.
На денешниот прв собир на екипата, присуствуваа и неколку фанови кои дојдоа да му дадат поддршка на Вардар. Фудбалерите и стручниот штаб им се заблагодарија за поддршката.
Вардар на 17. јули заминува на подготовки во Словенија, во Рогашка Слатина, каде што ќе остане до 2. август. Таму ќе бидат одиграни и неколку контролни натпревари како дел од подготовките за идниот шампионат во домашното првенство.
Фото: www.fkvardar.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА