Вардар тргна за Копенхаген, желбата е реприза од Малме

Фудбалерите на Вардар утринава полетаа за Данска, каде утре со почеток во 20 часот во Копенхаген ќе го одиграат реваншот од третото квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Предвидено е „црвено-црните“ попладнево да пристигнат во Данска, а вечерва да го имаат и официјалниот тренинг на стадионот „Телиа Паркен“, воедно и да одржат прес-конференција на која пред данските новинари ќе ги искажат своите очекувања за утрешниот реванш.

Желбата е јасна, да се одбранат оние 1-0 од Скопје и со игра слична на онаа во Малме пред дваесетина дена да се испише уште една страница во клупската историја. Противникот е далеку од посакуваната форма, Вардар игра се подобро, така што во Данска лесно може да се повтори „шведската приказна“.

VARDAR NAKAJ KOPENHAGEN22

Се вчитува...