Вардар убедлив против Металург

Ракометарите на Вардар во недостаток на натпревари во Лигата на шампионите, поради одложувањето на мечевите со Елверум и Пик Сегед одлучи да одигра контролен меч со Металург како би можело ракометарите да останат во натпреварувачки ритам.

Во контролата која се одигра денеска „црвено-црните“ славеа со 37-28. На полувреме „вардарци“ заминаа со плус четири 17-13, а во еден период од второто полувреме имаа предност и од единаесет гола разлика (35-24). Сепак, до крајот „металурзите“ успеаја да намалат и да ги постават конечните 37-28.

Во следното коло од Лигата на шампионите актуелниот европски првак ќе се сретне со германски Фленсбург.

Се вчитува...