Вардар убедливо против Бутел, за само чекор до финалето на „Струга 2022“

Ракометарите на Вардар 1961 ја запишаа втората победа на меѓународниот турнир „Струга 2022“, по што се само на чекор до финалето на најпознатиот македонски ракометен турнир.

„Вардарци“ кои на вчерашниот дуел славеа минимална победа против Алкалоид, сега убедливо триумфираа против Бутел Скопје со 32-20.

Ќосевски беше најдобар со седум погодоци, Манасков, Талески и Моралес имаа по пет гола кај победникот, а на другата страна Мајиќ заврши со седум гола.

„Вардарци“ утре против словенечки Целје од 21:15 часот со побеа ќе може да го заверат финалето на турнирот.

Претходно во денешната програма во Струга, Целје славеше против Алкалоид со 29-28, а Татран Прешов го победи АЕК со 25-21.

Се вчитува...