Тоа што се најавуваше пред извесен период, српските медиуми денеска и дефинитивно го потврдуваат како веќе реализиран договор на македонскиот ракометен шампион Вардар со бразилскиот репрезентативец, Жоао да Силва.
Како што пренесуваат Србите, Вардар веќе го договорил ракометарот на новосадска Војводина, 31-годишниот Жоао Да Силва како свое засилување за следната сезона.
Да Силва оваа сезона е надвор од терените поради повреда, но веќе од јануари се очекува негова разделба со новосаѓани. Па, во Скопје би дошол како слободен ракометар.
Бразилецот игра на позицијата среден бек а со себе носи и големо интернационално искуство, настапувајќи во минатото за Адемар Леон, Шамбери, Бенфика, Стеауа и Динамо Букурешт. За репрезентацијата на Бразил има 53 настапи и 114 постигнати голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

