Ракометарите на Вардар викендов повторно ќе патуваат во Украина, каде в недела ќе излезат на мегдан со екипата на Мотор. „Црвено-црните“ по двете почетни победи во групата од ЛШ ќе ја имаат фаворитската улога и на дуелот во Запорожје, на кој „вардарци“ ќе се вклучат во уште едно одбрано друштво во елитното европско натпреварување – на клубови кои постигнале најмалку 4.000 погодоци во Лигата на шампионите.
Актуелниот европски првак досега има постигнато 3.989 погодоци во ЛШ, а интересно ќе биде да се види кој ќе го постигне јубилејниот гол број 4.000 во ова натпреварување. Досега вакво нешто им успеало само на единаесет клубови во Европа, па Вардар ќе биде дванаесеттиот ракометен клуб со вакво достигнување.
Мотор ги загуби првите две средби во групата со „минус 19“ но Украинците се надеваат на реприза на дуелот со Вардар од СЕХА-лигата, кога на домашен терен ги совладаа „црвено-црните“ со минимални 32-31.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА