Вардар во голем стил против Металург за заверување на титулата во Суперлигата

Ракометарите на Вардар ја потврдија титулата во домашниот шампионат, откако во последното коло во „скопското дерби“ славеа убедливо над Металург со 39-27. „Црвено-црните“ клучната разлика ја направија во средината на првото полувреме кога успеаја да му се одлепат на противникот и на пауза да заминат со убедливи 20-9.

Второто полувреме беше само одработување на работата за конечен триумф од 39-27. За „црвено-црните“ ова е 14. титула во домашниот шампионат со која остануваат неприкосновени на вечната листа.

Пелистер кој на крајот ќе заврши како второпласиран на табелата со убедлива победа над Охрид од 30-19 ја заврши годинашната авантура.

Покрај Вардар и Пелистер, Македонија следната сезона во европските натпреварувања ќе ја претставуваат и Пролет и Металург.

Се вчитува...