Вардар во Струга ја слави шампионската титула!

Вардар, со бод или победа денеска на гостувањето против Струга ТЛ, во 32. коло од Првата македонската фудбалска лига, на едно коло до крајот на шампионатот, ќе ја осигура шампионската титула за сезоната 2025/26.

Сосема е јасно дека интенцијата на црвено-црните е да останат непоразени во Струга, и дефинитивно да ја запечатат круната во првнството.

Но, како што порачуваат од Струга ТЛ, тие си ја гледаат единствено својата приказна желни и мотивирани секогаш за победа против големиот ривал. Напаѓачот Христијан Малески, очекува квалитетен и неизвесен натпревар, достоен за дерби-пресметка.

„Се надевам дека ќе биде добар и интересен натпревар, каков што доликува на едно дерби. Нека победи подобриот. Верувам дека добро се подготвувавме цела недела и се надеваме на позитивен резултат“, изјави Малески.

Двата меѓусебни дуели оваа сезона меѓу Струга Трим Лум и Вардар завршија без победник. Во Скопје беше 2-2, додека последниот натпревар во Струга заврши 1-1, при што стрелец за домашниот тим беше токму Малески.

Натпреварот меѓу Струга Трим Лум и Вардар е закажан за 16 часот, на Градскиот стадион во Струга.

Се вчитува...