Вардар води минимално против Киелце, имаше и плус пет

Вардар има минимална предност од 17-16 на полувремето од дуелот со Киелце од  седмото коло во групната фаза во ракометната Лига на шампионите. Највисоката предност „црвено-црните“ ја имаа во 14 минута од средбата кога по одлична серија поведоа со 10-5. Но, потоа следуваше пад кој гостите го искористија со четири гола по ред во четири минути во кои Вардар не постигна ниту еден и намалија на само еден негатива.

Околу 20-та минута Вардар се одржуваше на околу два гола дистанца, но веќе во 24 минута, Киелце додје до израмнување на 13-13, а во 25 веќе водеше и со 14-15. Во тие моменти се разбрани Гедбане на голот и со три одбрани им помогна на соиграчите да ја вратат предноста.

На дуелот и покрај тоа што е во составот, не игра Криштопанс, а во текот на првото полувреме непријатна повреда заработи Глеб Калараш, но се врати на теренот.

 

 

Се вчитува...