Вардар за Адекунле е транзитна станица, приоритет остануваат домашните играчи

Вардар се врати во кошаркарката елита на Македонија, но Првата лига, барем засега се чини како преголем залак за младите играчи на клубот од „Кале“. Ѓорѓи Кочов располага со голем број на млади кошаркари кои од младинските лиги се ’фрлени во оган’ да се борат со најсилните екипи во домашното првенство.

И покрај борбата за ростер исполнет исклучиво со домашни играчи, Вардар го започна вториот дел од регуларниот тек на сезоната со еден странски играч. Станува збор за Ибитајо Адекунле, кој во македонскиот клуб ќе се задржи до крајот на сезоната.

„Точно е дека имаме еден странец, но тој не е тука за да заработува на грб на младите играчи. Ние имаме многу млад ростер кој не може да наполни искуство со тоа што од младински екипи директно ќе започне да игра во сениорска конкуренција. Тој е тука за да го подигне квалитетот на тренингот, пред сè, а потоа и да ни помогне колку што може на натпреварите до крајот на сезоната. Приоритет се и секогаш ќе бидат домашните, млади кошаркари“ – вели Кочов.

Се вчитува...