Вардар – Загреб ќе се игра пред 1.800 гледачи, билетите се бесплатни, но задолжителен е сертификат

Претстојниот четвртфинален дуел од СЕХА-лигата меѓу Вардар и Загреб закажан за четврток ќе се игра со присуство на публика на трибините на СЦ „Јане Сандански“. Од раководството на македонскиот првак денеска информираа дека е добиено зелено светло за 1.800 навивачи да им дадат поддршка на избраниците на Веселин Вујовиќ во борбата за место на фајналфор турнирот во Задар.

Од Вардар информираат дека според последните протоколи што ги усвои Владата, влез ќе им биде дозволен само на лицата кои ќе имаат:

* сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или
*сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст

Истиот треба да го покажат при влегување во салата.

Билетите за влез ќе бидат бесплатни и ќе може да се подигнат од БИЛЕТАРА 2 (пред влезот на малата сала во СЦ „Јане Сандански” во среда (25 август 2021 година) во периодот од 11,30 до 15,30 часот.
Подигањето на поканите (билетите) ќе биде додека има слободни места.

Едно лице може да подигне најмногу 2 (две) покани (билети) за натпреварот. Останува правилото при добивање на билетите да се покаже соодветен документ за идентификација (лична карта) и сертификат, според протоколите на Владата.
При подигањето на билетите ве молиме на одржување на дистанца во однос на другите лица кои исто така ќе бидат пред билетарницата.

Доколку имате покана (билет) за натпреварот а при влез не покажете ВАЛИДЕН сертификат, нема да може да влезете во салата да го следите натпреварот.

Во салата ве молиме да се придржувате до препорачаните мерки, и одржување на соодветна дистанца на седиштата. Задолжително ќе биде носење на маски во текот на натпреварот, односно од влегувањето во салата.

Се вчитува...