„Вардарецот“ Сергеј Горбок замина во пензија

Поранешниот член на двократниот европски шампион Сергеј Горбок заминува во пензија. Белорусинот со руски пасош решил дека е време за крај на успешната кариера. Горбок минатата сезона беше дел од Вардар во кој се врати во 2018 година по двогодишната авантура во Пик Сегед.

Рускиот репрезентативец беше дел од втората шампионска генерација на Вардар со која триумфираше на фајнал 4 турнирот во 2019 година во Келн. Покрај за Вардар и Пик Сегед одличниот бек настапуваше и за Рајн Некар Левен, Целје, Чеховски Медведи, Аркатрон Минск и ЗТР Запорожје.

 

Се вчитува...